Најлошата фризура досега: Кој и да бил фризерот се учел на неа…
Не е лесно да се најде добар фризер! Во тоа се увери корисник на „Тикток“ по име Кејт, која отишла на фризер за да направи благи степени на нејзината коса, а таа доби … скали!
Откако фризерот и ја скратил косата така што сите степени и скалила се ужасно видливи, а во исто време се нееднакви, девојката објаснува дека уште еднаш отишла во истиот фризерски салон за да ја поправи фризурата.
“Отидов во салонот за фризерот да ги поправи прамените што го обликуваат лицето. Некако изгледа исто и уште полошо во исто време”, напишала девојката во описот на видеото кое стана вирално со 2,4 милиони прегледи! Луѓето буквално не можеа да поверуваат како фризерот ја обезличил, па ја прашуваат зошто по втор пат отишла во истиот фризерски салон. „Верував во втора шанса, но не повеќе, научив лекција“, вели Кејт во друго видео, во кое објаснува се што се случило.”Отидов во салон за кој имаше многу препораки, добив и препораки од луѓе кои одеа во тој салон порано. Единствено што не направив беше да не истражам одреден фризер, па научив лекција на потешкиот начин, но отсега секогаш ќе истражувам“, вели Кејт. Таа, исто така, истакна дека платила за првата посета на фризерот, кога и ги извадиле прамените, што изгледало сосема во ред. „Но, сега кога го си го вратам филмот назад, столот ми беше свртен од огледалото цело време додека се потстрижував, па не можев да видам што прави додека не заврши сето тоа.
Кејт објаснува дека фризерот потоа и ги собрал само предните прамени на косата, остатокот го оставил пуштен, со што всушност се обидел да го скрие тој преден, осакатен дел. „Изгледаше малку чудно, но мислев дека е така затоа што претходно не сум се стрижела така“. Во суштина, таа го напуштила салонот и не забележала колку всушност и е уништена косата, додека не ја измила и исушила косата дома. Потоа, таа се јавила во салонот и закажа термин. Овој пат, вели таа, била многу искрена и прецизна кога објаснила што сака од фризурата, нагласувајќи дека сака степенот на прамените да се спои со остатокот од косата. Таа не платила за „поправка“, па сега има на ум нов фризер, за кој се надева дека ќе може да ги поправи работите. Луѓето главно се шокирани од фризурата на Кејт, па многумина велат дека тоа е „всушност две фризури во една“.
„Јас не сум ни фризер, но мислам дека не би ви ја скратила косата толку лошо.“ “, И пишуваат луѓето …