Најголемото злопамтило во хороскопот: Ако осети дека е изневерен, животот пекол ќе ви го направи
Астрологијата открива во кој хороскопски знак се раѓаат најголемите злопамтила!
На прашањето кој хороскопски знак најмногу сака одмазда, секој кој воопшто се разбира од астрологијата ќе одговори – Скорпија. Точно, астролозите велат дека ова е едно од најголемите злопамтила. Тоа е знак кој памети се, но она што го издвојува е тоа што Скорпијата го користи таквото знаење како моќно оружје во ситуации кои тоа го бараат.
Клучна карактеристика на Скорпијата е да ги забележува ситниците, деталите и најмалите промени додека комуницирате со другите. Сето ова се случува затоа што Скорпијата се плаши да не биде повредена. Тоа е знак кој е многу моќен, поради што често делува сурово кон другите, но и како личност која нема емоции. Тоа е далеку од вистината, бидејќи кога љуби Скорпијата, сака со целото свое срце. Таа тогаш е ранлива и ја користи меморијата како штит за да ги предвиди идните предавства.
Кога Скорпијата ќе почувствува дека некој неправедно ја изневерил, таа внимателно ќе ги анализира таквите информации. Ако сте ѝ замериле, а не сте добиле „повратен удар“, немојте да мислите дека така ќе остане. Скорпијата само го чека вистинскиот момент, а вашето предавство ќе послужи како потсетник да бидете многу внимателни во понатамошната комуникација со вас.
Луѓето родени во овој воден знак се под влијание на Марс и Плутон. Марс им дава натпреварувачка и агресивна природа, додека Плутон им помага да го прикријат гневот што го чувствуваат. Кога се лути, Скорпиите се многу саркастични и злобни, а многу луѓе се восхитуваат на вокабуларот што го користат.
Скорпијата мрази кога некој ќе ги поткопува или кога ќе направи или каже нешто лошо на некој што го сака. Не го сака површното и променливото, но не сака и луѓе кои „не можат да ги пренесат жедните преку вода“. Меѓутоа, ако Скорпијата ве сака, бидете сигурни дека покрај себе имате многу лојална личност која секогаш ќе ве штити од вашите непријатели, без разлика колку лоши последици ќе има за него.