Најгламурозна ноќ во Монако: Принцезата Шарлин ѕвезда на „Балот на ружите“


Најгламурозната ноќ во календарот на малото кнежевство Монако е традиционалниот хуманитарен „Бал на ружите“ на кој  повторно блеснаа членовите на најгламурозното кралско семејство во светот, годинава, на тема Кариби.

Принцезата Шарлин од Монако им се придружи на членовите на кралското семејство на суверениот град-држава ззаедно со сопруго, принцот Алберт Втори од Монако, а меѓу годите, и годинава, беше кралот на чевлите, дизајнерот Кристијан Лубутан.

За гламурозната пригода, принцезата Шарлин се одлучи за фустан од Dolce & Gabbana. Фустанот до подот имаше елементи на асиметрија и тантела со ботаничка инспирација.

Нејзините модни додатоци беа сведени на минимум, освен пар стејтмент обетки. Нејзината руса коса беше исфенирана назад со неколку шишки за да го врами нејзиното лице, а нејзината шминка вклучуваше природни, чисти елементи заедно со сјајна усна.

Лубутан и Ли со Шарлин, Алберт, и Каролина од Хановер

Додека позираше за фотографии на настанот, на принцезата Шарлин и се придружија режисерката Бланка Ли и нејзината снаа, принцезата Каролина од Хановер, меѓу другите.

Дел од кралското семејство на гала настанот

На Балот на ружите во 2024 година, принцезата Шарлин се одлучи за облека што навидум беше спротивна на нејзиниот изглед од 2025 година. За свеченостите на тема диско, принцезата Шарлин носеше светки и комбинезон од тул инспириран од Elie Saab од 70-тите. 

Балот на ружите е годишен настан во корист на Фондацијата на принцезата Грејс, која ги поддржува уметниците во подем во дисциплини како што се театарот, танцот и филмот. Поддршката за уметниците доаѓа преку награди, грантови, и стипендии .