Најдобрите печени компири што некогаш сте ги пробале! Тајната е во една состојка.


Ако сакате да ги направите највкусните печени компири досега, тогаш мора да ги направите со овој генијален рецепт од грчкиот готвач Акис Петрецикис.

А во рецептот има и една тајна состојка на која веројатно никогаш не сте помислиле при подготовката на компирите.

Состојки:

1 кг компири

два лимони

1,5 литри вода

2 лажици оригано или мајчина душица

2 чешниња лук

75 ml маслиново масло

3 лажици гриз (ова е тајната состојка!)

сол, бибер, црвен пипер во прав

Како се подготвува?

1. Компирите се лупат и се сечат на четири дела (во зависност од големината, доколку се помали, можете и да ги исечете на половина). Засечете го секое исечено парче компир за да се испече подобро и да изгледа подобро.

2. Компирите се ставаат во тенџере, исцедете два лимона, се додава малку рендана кора од лимон што убаво сте ја измиле, се додава 1,5 литар вода и се варат. Кога ќе зоврие, варете уште 10 минути.

3. Загрејте ја рерната на 200 Целзиусови степени и во неа ставете празен сад за печење.

4. По 10 минути процедете ги компирите и оставете ги малку да се изладат (5 минути) во посебен сад.

5. Во садот со компирите додадете маслиново масло, оригано (или мајчина душица), сечкан лук, мелена пиперка, сол, бибер и гриз. Измешајте сè добро и ставете го на топлиот сад за печење.

6. Се пече половина час до 40 минути, а на секои 10 минути вртете ги компирите за да добиете крцкава кора од двете страни. И тоа е тоа! Овој генијален прилог можете да го послужите со вашето омилено месо или да го јадете како таков.