Трик за перење алишта: Ставете влажно марамче во машината и ќе бидете воодушевени од резултатот


 

Овој трик ќе ви се допадне уште првиот пат кога ќе го пробате.

Просечен човек поминува околу четири часа неделно перејќи алишта, а иако модерните машини за перење најголемиот дел од „работата“ ја извршуваат сами, резултатот од перењето може значително да се подобри со еден едноставен трик.

Овој метод е особено корисен за сопствениците на домашни миленици, како и за оние кои имаат многу темна облека, а вклучува ставање влажно марамче во машината пред да ги ставите алиштата. Резултатите ќе бидат видливи веднаш и навистина ќе ги надминат очекувањата – облеката ќе биде без влакна, бидејќи влажните марамчиња им делуваат како „апсорбирач“, пишува Bright Side.

Важно правило е да не ставате повеќе од 3 влажни марамчиња на секоја машина за перење (приближно 7 до 8 килограми алишта) истовремено. Кога барабанот ќе почне да се врти, влажните марамчиња ќе се измешаат во облеката и ќе ги соберат влакната и крзното, а при секое перење користете ново влажно марамче.

Она што е важно е влажните марамчиња да се доволно силни и дебели за да не се распаѓаат за време на циклусот на перење, а тоа можете да го проверите со обид да ги искинете со рацете. Ако не успеете или ви треба многу сила, тие се доволно силни.

Никогаш не користете хартиени крпи наместо влажни – тие ќе се распаднат и алиштата ќе изгледаат уште полошо. Нема да помогнат ниту марамчињата за отстранување шминка.

Доколку не сакате облеката да го впива мирисот на влажните марамчиња, изберете антибактериски или без мирис, а можете да ставите и повеќе омекнувач за да го маскира мирисот.