Нагло скокна бројот на заразени во Србија
Во последните 24 часа во Србија од корона вирус заблени се 353 лица, од 10.088 тестирани, додека истовремено починаа две лица.
На респиратор се 11 пациенти.
Во соседно Косово пак, за 24 часа вирусот е потврден кај 70 лица, и има еден смртен случај од последиците од болеста. Според косовското министерство за здравство тестирани биле повеќе до 3.000 лица.
Излечени се осум пациенти.