Нето надворешниот долг на крајот на минатата година бил поголем за 102 милиона евра
На 31.12.2025 година, нето надворешниот долг изнесуваше 4,58 милијарди евра (или 27,1 отсто од БДП). Нето надворешниот долг на земјата, во четвртиот квартал од 2025 година, е зголемен за 102 милиона евра, или за 2,3 отсто. Од аспект на структурата, приватниот нето-долг и натаму има поголемо учество во вкупниот нето-долг со 71%, стои во редовното статистичко соопштение за позначајните промени кај надворешниот долг, надворешните побарувања и меѓународната инвестициска позиција, што го објави Народната банка.
Во текот на четвртиот квартал од 2025 година, негативната нето меѓународна инвестициска позиција (МИП) е зголемена за 25 милиони евра и изнесува 8.750 милиони евра, што претставува 51,6% од БДП за 2025 година.
Најновото соопштение за позначајните промени кај надворешниот долг, надворешните побарувања и меѓународната инвестициска позиција е достапно на следната врска.