„Надреалниот“ стаклен мост во Кина е повеќе од реален
Стаклениот мост Руји во кинеската провинција Џеџанг многу брзо стана туристичка атракција што ја виделе повеќе од 200.000 посетители.
Инспирацијата за изградба на мостот лежи во кинескиот симбол на среќата руји. Мостот е делумно направен од стакло, се наоѓа 140 метри над земјата и се состои од три брановидни мостови.
Дизајниран е да се вклопува со својата природна средина, така што линиите на мостот и планините меѓу кои се наоѓа се совршено интегрирани.
Првите фотографии од мостот беа критикувани, бидејќи луѓето беа сигурни дека конечниот производ нема да личи на оригиналната идеја – повеќето мислеа дека вакво нешто е невозможно да се изведе и дека фотографиите од мостот се лажни.
Меѓутоа, по отворањето на мостот во септември 2020 година, работите се сменија и мостот наскоро стана водечка туристичка атракција во овој дел на Кина.