На забава во Белгија се кршеле мерките – момче бегало, паднало и загинало

Момче на возраст од 21 година паднало од прозорец, бегајќи од забава која се одржувала недозволено во Антверпен, Белгија, при што загинало.
Полицијата стигнала по дохјава дека во хотел се жалаат на бука, наведуваат медиумит еповикувајќи се на државното обвинителство.
Осум учесници на забавата се обиделе да побегнат пред полицијата, а момчето се искрало низ прозорец и паднало по што умрело покрај обидите за реанимација од Брзата помош.
Државното обвинителство покрена истрага за случајот, а градоначалникот на Антверпен Барт де Вевер е шокиран.
„Смртта на толку младо момче бара сериозно да преиспитаме какви се менталните последици кои ги носат заклучувањата, посебно за младите луѓе“. вели тој.
Вп Белгија поради сузбивањер на заразата на сила се забрани за собирања и посета на пријатели и роднини, каде може да дојде само еден гостин.
Фатените на илегални забави може да бидат казнети со глоба од 750 евра, а организаторите со 4.000 евра.