На Орце Ѓорѓиевски му се разубавувал денот со критиките на срамниот билборд


 

Секоја грешка треба да се минимизира и релативизира, а секој успех да се воздигнува.

Тоа е стратегијата на градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, околу срамниот билборд на влезот во главниот град, кој наиде на општ потсмев и критики поради аметеризмот ксо кој беше направен. Тој вели дека билбордот го изработило јавното претпријатеие „Улици и патишта“, кое е под надлежност на Градот и чинел 48.000 денари.

Во интервју за Македонската радио-телевизија, Ѓорѓиевски пропустопт со билбордот го нарече „техничка  грешка“, а во објавата на фејсбук по големите реакции го нарече „печатна грешка“. Од една до друга квалификација има голема разлика. Бидејќи „штетата“ била само 800 евра не требало да се бара ничија одговорност, а тоа дека тој „гордо“ го најави поставувањето на билбордот како уште еден важен успех на неговата администрација, беше архивирано во друга фиока.

Критиките тој ги релативизираше со тоа дека биле шеги, а не укажување за сериозен пропуст. Тој си го разубавувал денот со таквите критики.

„Ете, граѓаните се пошегуваа, дел мемиња видовме, јас честопати си го разубавувам денот со тоа, но не сметам дека е големо прекршување за кое некој треба да сноси одговорност. Еве, ако кон некој треба да се впери прстот, иако јас не сум бил директно во процесот, јас ќе речам јас сум виновен за тоа“, рече градоначалникот Ѓорѓиевски.

Аматерски смешниот билборд за Скопје на влезот во градот беше отстранет

Во интервјуто тој цитираше порака од негов пријател во која се велело дека билбордот е грешка, но барем „не отрул 2.500 граѓани“, директно алудирајќи на кризата со неисправната вода за пиење во Гостивар.

„Мислам дека потивко од одредени политички партии се дискутираше за состојбата во Гостивар отколку за билбордот“, рече тој.

Срамниот билборд беше дури и срамно да се погледа: Коњорт на Александар македонски, Букефал, имаше пет нозе, Камениот мост одеше во бескрај како некој римски аквадукт, Калето беше прикажано како некаков замок во Франција од раното средновековие со големи кули; критичарите велеа и дека црквата на билбордот наликувала на храмот „Свети Сава“ во Белград. По серијата остри реакции во јавноста, спорниот дизајн експресно беше отстрането и заменет со поинакво визуелно решение со реални фотографии од знаменитостите на градот.