На норвешкиот брег најдено тело на момче мигрант, со семејството се удавиле во Ламанш


 

Норвешката полиција на брегот го пронајде телото на бебето кое лани исчезна во Ламанш.

Момчето Артин, на возраст од година и три месеци, како и неговото четиричлено семејство, исчезнаа откако потона брод со кој од Франција оделе за Велика Британија.

Курдско-иранското семејство се обиде од Франција да премине во Велика Британија.

Телото на момчето е пренесено во Иран, за да биде погребано.

Најдено е на југозападниот брег на Норвешка во близина на Кармоја на Нова година.

„Стручњаците од Одделот за форензичка наука од Универзитетската болница во Осло успеаја да го пронајдат според одговарачка ДНК“, се наведува во полициското соопштение.

Отвроена е истрага

Бродот потона на 27 октомври минатата година. Расоул Иран-Нејад (35), Шива Мохамед Панахи (35), Анита (9) и Армин (6) се удавија.

Семејството потекнува од градот Сардашта во западен Иран недалеку од границата со Ирак.

Уште 25 мигранти префрлени се во болница, а францускиот јавен обвинител отвори истрага за потонувањетона бродот.

Илјадници иранско-кудрски бегалци ги ставаат своите и животите на семејствата во рацете на криумчарите.ж

Курдското малцинство во Иран е соочено со политички прогон и економски проблеми.