На најмладиот син на Доналд Трамп (19) му дише во врат тајната служба: Не може да го даде телефонскиот број ни на девојката што ѝ се допаѓа

Барон Трамп (19), синот на Доналд и Меланија Трамп, живее живот кој отстапува од секојдневието на еден студент.
Иако студира финансии на престижната школа за бизнис Стерн на Универзитетот во Њујорк, секојдневието на Барон Трамп е сè само не обично – поради високиот безбедносен ризик поврзан со презимето Трамп. Наследникот на американскиот претседател постојано е под надзор на тајната служба.
Според британскиот „Дејли меил“, Барон Трамп, синот на Доналд и Меланија Трамп, не може да се дружи, да излегува или да запознава девојки како неговите врсници.
„24 часа е надгледуван од обезбедувањето кое не му дозволува да направи ниту еден чекор надвор од протоколот“, открива извор близок до семејството Трамп.
Поради овие мерки, Барон не смее ниту да го даде својот телефонски број на девојка што му се допаѓа. Ова не само што го отежнува приватниот живот, туку и практично ги оневозможува спонтаните познанства или обичните студентски состаноци.
„Доколку протече неговиот број, луѓето би го споделиле насекаде, а потоа милион луѓе би се јавувале нон-стоп. Би морал постојано да го менува бројот, а тоа би се претворило во бескрајна трка“, вели истиот извор.
Наместо тоа, Барон најде алтернатива – тој комуницира преку платформи за игри. Дискорд, Xbox и слични мрежи станаа негово главно средство за социјален живот. Неговото корисничко име во виртуелниот свет сега го заменува неговиот телефонски број.
Barron Trump represents everything the left hates—smart, successful, and driven. At just 18, he’s already launching his own luxury real estate company, following in his father’s footsteps. Meanwhile, Hunter Biden was a corrupt tax evader, a drug addict, and a sex addict. The… pic.twitter.com/cva9gD2ltT
— Patriot Power 🇺🇸✊️ (@patriotpowerX) February 15, 2025
„Тоа е неговата омилена платформа за комуникација“, потврди извор близок до семејството Трамп.
Неговата технолошка снаодливост го изненади дури и самиот Доналд Трамп.
„Му го исклучив лаптопот, а кога се вратив пет минути подоцна, тој веќе го имаше вклучено. Прашав: ‘Како го направи тоа?’, а тој ми одговори: ‘Не е твоја работа, тато’“, рече американскиот претседател.
Иако изгледа како вистински млад бизнисмен – често носи костуми и ја обликува косата како неговиот татко – Барон е сè уште само тинејџер. Можеби неговиот живот изгледа луксузно однадвор, но правилата и ограничувањата на кои е изложен секојдневно го потсетуваат дека го носи и тешкиот товар на семејното име.
Барон е единственото дете на претседателот Доналд Трамп и неговата сопруга Меланија. Тој е роден на 20 март 2006 година во Њујорк, каде што порасна и посетуваше училиште до 2017 година, кога неговиот татко ја презеде функцијата за неговиот прв мандат во Белата куќа. Интересно е што тогаш Барон Трамп стана првото момче кое живее во Белата куќа по повеќе од половина век.