На американските ресторани поради панедемијата им фали кечап


 

САД се соочуваат со недостаток на кечап затоа што поради пандемијата од корона вирус порасна продажбата на тој популарен додаток на храна, пренесе Би-би-си.

Heinz, најпознатата марка кечап, соопшти дека до раст на побарувачката дошло поради зајакнатиот тренд на достава или земање храна за надвор.

Луѓето со храната нарачуваат повеќе кечап во вреќички кои го заменија кечапот во шишиња што стои на масите во рестораните.

Компанијата вети дека ќе го зајакне производството.
Heinz за АФП вели дека го прилагодиле производството; но дека побарувачката и понатаму е поголема од понудата.

Според Wall Street Journal, цената на кечапот пораснала за 13 отсто од јануари 2020 година.