На 25 октомври нè очекува затемнување на Сонцето во знакот Скорпија- што значи тоа? 


Затемнувањето на Сонцето се смета за важен настан во астрологијата бидејќи носи важни промени. Токму на 25 октомври нè очекува затемнување на Сонцето во знакот Скорпија.

Затемнувањето се случува во сезоната на Скорпија, а познато е дека Скорпијата е еден од најмистериозните знаци на Зодијакот бидејќи носи трансформации. Сонцето ќе влезе во знакот Скорпија на 23 октомври и ќе биде таму до 21 ноември. Овој период ќе биде многу моќен и ќе ви донесе многу промени во вашиот живот.

Скорпијата е знак на интимност и екстремни чувства, па затоа треба да очекуваме вакви теми да се појавуваат често во овој период. Ќе сакаме да откриеме што е длабоко, што е скриено во нас и потиснато. Ќе имаме желба да ги откриеме сите скриени и тајни нешта, а соочувањето со вистината понекогаш нема да биде едноставно и пријатно чувство.

Во моментот Сонцето е во знакот Вага, а тоа значи дека се стремиме кон правда и апсолутна рамнотежа, но кога ќе премине во Скорпија повеќе ќе се раководиме од интуицијата. Скорпијата е страсна, има силна волја и знае што сака да добие. Таа се бори за тоа со сите сили. Затемнувањето на Сонцето во Скорпија ќе им донесе таква трансформативна енергија на сите знаци. Но, во овој период може да се појават и негативни импулси, како што се љубомора, манипулации и желба за одмазда. Можеме да ги контролираме, само треба да имаме силна волја.