Мозокот на космонаутите се менува во Вселената


Мозокот на астронаутите кои престојуваат на Меѓународната вселенска станица (МВС) се менува за тие да можат да се прилагодат на вселенските услови, објаснуваат руски научници.

Се работи за новиот научен труд на Елена Томиловскаја – истражувачка на Институтот за медицински и биолошки прашања при Руската академија на науките. Во него, се вели дека истражувањата врз 11 руски астронаути покажуваат дека за време на нивниот престој на МВС, содржината на нивната сива материја во мозокот се намалила, додека обемот на бела материја и нивната ’рбетно-мозочна течност се зголемиле.

Од 2013 година, руската вселенска агенција Роскосмос заедно со Европската вселенска агенција, спроведуваат експерименти за проучување на мозокот на астронаутите.

Елена Томиловская | OK.RU– Откриено е зголемување на белата маса во деловите поврзани со контролата на движењето, рамнотежата и положбата на телото. Ова се должи на фактот дека мозокот мора да се прилагоди и да развие нови стратегии за бестежинската состојба во просторот. Потребна е поинаква моторна контрола во тие усллови, бидејќи во Земјината Орбита начинот на движење е сосема поинаков и тоа повеќе личи на пливање, појаснува Томиловскаја.

Тој процес, сепак, не е неповратен. Меѓу шест и седум месеци по нивното враќање на Земјата, космонаутите си го враќаат првичниот волумен на сива материја. Ова говори и за фактот дека во вселенски услови нема забрзано умртвување на нервните клетки.

– Тоа е повеќе како задебелување на сивата материја како резултат на зголемениот волумен на ’рбетно-мозочната течност, вели Томиловскаја.

Во орбитата, како што посочуваат истражувањата, луѓето можат да издржат поголеми мозочно-умствени оптоварувања во различни ситуации и состојби.