Може ли спреј за нос да делува како „вакцина“ за корона вирус?
Спреј за нос кој ја блокира апсорпцијата на корона вирусот во потполност заштити глувци на кои е тестиран, а резултатите од студијата се објавени во четвртокот од меѓународен тим научници.
Студијата, која била ограничена само на животни не е рецензирана, а ја процениле неклку здравствени стручњаци.
Ако овој „лек“, кој научниците го опишаа како нетоксичен и стабилен, се докаже дека делува на луѓето, може да биде нов начин на борба против пандемијата.
Секојдневно прскање на спрејот во нос, би делувало како вакцина, пренесуваат американските медиуми.
„Возбудливо е да се има нешто ново што делува против корона вирусот“, вели д-р Артуро Касадевал, шеф на Одделот за имунологија на училиштето за јавно здравство „Џон Хопкинс“, кој не бил вклучен во студијата. „Можам да замислам дека ова е дел од арсеналот“, додава тој.
Истражувањето изминатите месеци го спроведувале научници од Медицинскиот центар на Унверзитетот Колумбија во Њујорк, Медицинскиот центар Еразмус во Холандија и Универзитетот Корнел во Итака, а студијата ја финансирале Националниот институт за здравство и Медицинскиот центар на Универзитетот Колумбија.
Потребни се дополнителни средства за клинички испитувања на луѓе, вели д-р Ен Москона, педијатарка и микробиолог од Колумбија, соавторка на студијата.
„Спрејот директно го напаѓа вирусот. Содржи липопептид, честичка од холестеролот поврзана со синџирот аминокиселини, составни делови на протеините. Овој липопептид точно се совпаѓа со делот на аминокиселините во протеините на корона вирусот кој патогенот го користи за врзување на човечките дишни патишта или градните келии.
Во студијата спреј е користен на шест глувци ко потоа се поделени во двојки и сместени во три кафези. Во секој кафез двегле и двеглувчиња кои добиле спреј за плацебо и еден кој бил намерно заразен со корона вирус.
Глувците ги користат научниците кои проучуваат грип, САРС и други респираторни болести, затоа што вирусот може да го добијат преку носот исто како луѓето.
По 24 часа ни еден од глувците кои добиле спреј не бил заразен, додека сите кои добиле плацебо биле позитивни на корона вирус.
„Репликацијата на вирусот беше потполно блокирана. Заштитниот спреј се прицврстува на келиите во носот и белите дробови и трае околу 24 часа. АКо ова успее и кај луѓето, може да спиете во кревет со некој заразен или да бидете со заразени деца и при тоа да бидете безбедни“, вели д-р Москона.