МОСТ: Сопругата се потпишала, прилепчанец гласал


Прашањето кога да се одржат изборите ќе дојде на дневен ред, затоа што Македонија не може уште многу долго да остане без парламент (Фото: Борис Грданоски)
Од МОСТ на најновата прес-конференција истакнаа дека забележале две неправилности во избирачкиот процес, но во целина констатираат дека немало посериозни неправилности и гласањето се одвива во најдобар ред.
Според потврдените информации, добиени од набљудувачите и регионалните канцеларии на МОСТ, гласањето се одвива во најдобар ред, без посериозни неправилности.
Само на две гласачки места забележани се изолирани неправилности:
На ГМ 2805/1 во општина Центар, Скопје, на почетокот од гласањето биле откинати три ивчиња заедно со серискиот број од кочанот.
На ГМ 1385/1 во Прилеп, откако едно гласач гласал било увидено дека не бил запишан во Избирачкиот список, но тој гласал заедно со неговата сопруга која била запишана во Избирачкиот список и која се потпишала во истиот.
Според податоците добиени од ПВТ програмата (паралелно сумирање на гласовите), која претставува математичко-статистички научен метод, одѕивот на гласачите до 11 часот е 11,2%, до 12 часот е 15,9%, додека до 13 часот е 20,8%.