Москва подготвена за нормализација со ЕУ
Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров денеска изјави дека Русија е подготвена за нормализација на односите со Европската унија, но врз основа на принципот на рамноправност.
„Уште еднаш сакам да ја потврдиме подготвеноста за нормализација на односите со ЕУ, но само во случај на сите да им биде јасно дека разговорот ќе го водиме врз основа на рамноправност и обострано почитување, во потрага по баланс на интересите, а не наоснова на еднострани потези и прелиминарни услови“, рече Лавров на конференција за новинарите по состанокот со словенечкиот колега Анжеј Логар во Москва.
Истакна дека Москва е загрижена поради потезите на Брисел по прашањето за минирање на механизмите за соработка со Русија.
Додаде дека на словенечкиот колега му ја пренел загирженоста на Москва поради тоа што официјалниот став на ЕУ се формира врз основа на „агресивното малцинство кое страда од русофобија“, пренесе Спутник.
Логар рече дека официјална Љубљана е загрижена поради „зголемувањето на военото присуство на Русија на границата со Украина“, како и поради ситуацијата со принудното слетување на авионот на компанијата „Рајанер“ во Минск.