Моментално на територијата на Украина има околу 700.000 руски војници


Според Главната дирекција за разузнавање на Министерството за одбрана на Украина (ГУР), на територијата на Украина моментално има околу 700.000 руски војници.

Поголемиот дел од руските војници се концентрирани во регионот Донецк, што укажува на главниот приоритет на Кремљ, изјави претставникот на Главната дирекција за разузнавање на Министерството за одбрана на Украина, Андриј Јусов, во интервју за порталот „Новини.ЛИВ“.

Тој истакна дека таа бројка ги вклучува не само редовните војници, туку и силите за поддршка, специјалните служби и Руската национална гарда.