Моќен раствор од 3 состојки за чистење на прозорците: Веднаш ќе заблескаат
Многумина го мразат перењето на прозорците, бидејќи колку и да се трудите, трагите и дамките често остануваат дури и после триење. Ако сакате брзо и лесно да ги исчистите стаклените површини во вашиот дом, пробајте го ова магично средство за чистење без силни хемикалии.
Потребни состојки:
- топла вода
- 1 чашка оцет
- малку течен сапун
Во шише со спреј, измешајте топла вода, оцет и малку течен сапун. После тоа, само испрскајте го средството на стаклата на прозорецот и избришете ги со крпа. Ќе заблеска во миг.