„МојДДВ“ пак недостапен, од УЈП велат дека е привремено, поради техничка надградба
Апликацијата „МојДДВ“ од денеска е недостапна, поради поради техничка надградба, соопшти УЈП.
„Управата за јавни приходи ја информира јавноста дека поради планирани активности за унапредување на ИТ инфраструктурата на Управата за јавни приходи, на 23.06.2026 година (вторник) од 12:00 часот апликацијата МојДДВ ќе биде привремено недостапна“, се вели во соопштението.
Од УЈП посочуваат дека недостапноста е поради миграција на системот на нова инфраструктура со цел обезбедување поголема сигурност и достапност на услугата.
Системот ќе биде повторно ставен во функција веднаш по завршување на активностите, велат од УЈП.