Модната елита во стилот на Вествуд во чест на бунтовната дизајнерка
Англија- Во пресрет на Лондонската модна недела британската елита уште еднаш се собра за да ѝ оддаде почит на Вивиен Вествуд, која почина во декември на 81 година.

Модни дизајнери, музичари и други препознатливи лица од светот на шоу бизнисот беа присутни на меморијалната служба во чест на пионерката на панк-рок естетиката.

Од Викторија Бекам и Хелена Бонам Картер, до Кејт Мос и Ана Винтур, сите беа собрани со една цел, а многумина се стилизираа и со препознатливиот дизајн на Вествуд.

Она што Вивиен го остави зад себе е повеќе од безвременски моден белег, тоа е дефиниција за бунтовноста изразена преку неверојатната модна генијалност на дизајнерката.





