Модерна болест: Метеоролог ги објаснува причините за проблемот со кој се соочуваме

Еден од четири луѓе во Европа ги чувствува последиците од оваа болест, која стана огледало на промените во нашата околина и начин на живот.
Природата, исто така, има влијание врз нашето здравје – едно од четири лица во Европа страда од некаков вид алергија на полен.
Поради зголемените температури и поблагите зими, сезоната на полен започнува порано, трае подолго и бележи сè повисоки концентрации. Растенијата опрашуваат поенергично во потопли услови, па затоа научниците предвидуваат дека производството на полен ќе се зголеми за дури 40 проценти до крајот на векот.
Истражувањата во Полска покажаа дека поленот во областите со загаден воздух содржи повеќе алергенски протеини и има поголема моќ да предизвика алергии.
Стерилни станови, недостаток на контакт со природата, исхрана полна со адитиви и илјадници нови хемикалии во животната средина секоја година – сето ова заедно ја ослабува нашата природна одбрана. Интересно е што алергиите на полен можат да бидат поврзани и со храна.
Доколку сакате значително да го намалите ризикот од развој на алергии кај децата, што е можно повеќе изнесувајте ги во природа, а добро е да имате и домашни миленици бидејќи тие го зајакнуваат имунолошкиот систем.
Сончеви, суви и ветровити денови значат повеќе полен во воздухот.
Во Македонија, сезоната на полен започнува во јануари со лешникот, продолжува со брезата и тревите напролет, а завршува со коровот амброзија во септември и октомври.