Многу луѓе се сеќаваат на ова јадење од поранешна Југославија: Гренадир марш за евтин и обилен оброк


Гренадир марш е одлично јадење, традиционално од Словачка, но многу популарно во поранешна Југославија.

Состојки:

2 кг компири
500 гр ситни тестенини
500 гр кромид
200 мл масло
1,5 лажички шеќер
сол по вкус
црвен пипер во прав, по вкус
по желба 250 гр пржена сланина
кисели краставички, за сервирање

Подготовка:

За да го направите гренадир маршот, прво излупете ги компирите и исечете ги на коцки. Загрејте тава со вода со сол и сварете ги компирите. Кромидот ситно се сечка, се посолува потоа се додава шеќерот, па се пржи на масло. Кога ќе омекне се додава црвен пипер во прав и се пржи уште малку.

Сварете ги тестенините и процедете ги. Пропржете ја сланината. Префрлете го кромидот во тавата, па додајте ги тестенините и сол по желба. На сето тоа додадете компири и сланина, па нежно измешајте.