Млечните производи се корисни во ограничени количини
Одредени видови храна можат да создадат зависност, не само психолошка, туку и биохемиска. Повеќето луѓе, на пример имаат склоност кон зависност од шеќер, што води до зголемена потреба од слатки.
– Може да биде многу тешко да се ослободите од оваа „слатка“ зависност, бидејќи мозокот сака едноставна, лесна и лесно достапна енергија, исто како што има во благото. Затоа е добро да ги конзумирате умерено, објаснува нутриционистката д-р Дарија Савелиева.
Според неа, и млечните производи се добри за телото, само во умерени дози. Причината за тоа е што млечната храна содржи лактоза, а тоа создава зависност.
– Кога животното ги храни своите младенчиња, млекото треба да има и многу благо, седативно влијание врз нив. Затоа постојат опијати наречени казоморфини, тие служат за смирување и опуштање, вели Савелиева.
Многу луѓе консумираат млечни производи ноќе, токму тоа е израз на таквиот ефект, според стручното лице. Таа појаснува дека ферментираните млечни производи содржат многу корисни материи и таквите производи треба да бидат присутни во исхраната, но не треба да се претерува и да се злоупотребуваат.