Минусни температури утрово, преку ден до 16 степени


Фото: Б. Грданоски

Утрово во целата држава имаше минусни температури.  Најстудено беше во Берово каде се измерени -8 степени Целзиусови, -7 се измерени на Попова Шапка, -6 во Маврови Анови и Битола, -4 во Крива Паланка, Скопје-Петровец, Струмица и Тетово, -3 во Прилеп, Штип, Претор, Демир Капија и Гевгелија, -2 во Крушево, Велес, Охрид, Виница и Кавадарци и -1 степен во Скопје-Зајчев Рид.

Висината на снежната покривка измерена во 7 часот утрово изнесува 25 сантиметри на Попова Шапка, соопшти УХМР.

Времето денеска ќе биде претежно сончево и малку потопло. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 9 до 16 степени.

Во Скопје, сончево и релативно топло преку денот, со слаб до умерен северен ветер. Максималната температура ќе достигне до 16 степени.