Министерот за одбрана на САД Хегсет ќе се придружи на самитот Трамп-Путин


Американскиот министер за одбрана Пит Хегсет е на пат кон Алјаска, тој е во авион одделно од американскиот претседател Доналд Трамп, изјави функционер од одбраната за Си-Ен-Ен.

Хегсет не беше меѓу функционерите на списокот на оние кои патуваат со американскиот претседател на неговиот самит со рускиот претседател Владимир Путин за да разговараат за војната во Украина.

Медиумот, исто така, објави дека претседателот на Здружениот штаб на вооружените сили, генерал Ден Кејн, исто така е на пат кон Енкориџ, според неговиот јавно објавен распоред.