Министерот Маричиќ во работна посета на Турција


Фото: Б. Грданоски

Министерот за правда Бојан Маричиќ од денеска е во неколкудневна работна посета на Турција.

Како што информираат од Министерството за правда, Маричиќ во Анкара предвидено е да одржи работен состанок со својот турски колега Абдулхамит Ѓул, на која ќе се разговара за меѓусебната соработка во секторот правда, со фокус на претстојната дигитализација на македонските судови.

Маричиќ и делегацијата на Министерството за правда ќе го посетат и Советот на судии и обвинители, Академијата за правосудство на Турција како и Генералниот директорат за информатичка технологија.

Од Министерството за правда потенцираат дека посетата е во функција на размена на искуство во процесот на воведување на софистицирана информатичка технологија во судовите, имајќи предвид дека Северна Македонија влегува во овој процес во кој е предвидено целосно да се дигитализираат над 100 судови.