Милијардерот што ќе патува на Месечината пред банкрот


Јусаку Маезава, еден од најбогатите Јапонци и прв патник на туристичкиот излет на Месечината, продаван неколку уметнички дела кои ги поседува затоа што останал без пари.

Маезава, кој е директор на онлајн модната продавница Зозо, тоа го објави на својот Твитер.

Кога следбениците го прашале дали тоа значи дека е пред банкрот, одговори: „Да, никогаш немам пари, оти веднаш ги трошам“.

Сликите кои Маезава планира да ги продаде по пат на аукција вредат милиони, а меѓу нив е слика на славниот Енди Ворхол.

Покрај таквиот одговор, вистината е дека тој не е ни близу банкрот, но неговата финансиска ситација навистина е влошена, пренесе Quartz.

Имено, тој изгуби 700 милиони долари во последната година, па од 18 -то место на листата најбогати на Форбс, падна на 22-ро место.