Милијардер троши богатство за да остане вечно млад, зема крв и од својот 17-годишен син
Милијардерот Брајан Џонсон е 45-годишен основач и извршен директор на „Кернел“ и е опседнат со идејата дека може да го забави стареењето.
Овој ексцентричен богаташ е познат по тоа што постојано бара нови начини за подмладување и забавување на стареењето, а неговата последна идеја да го постигне тоа шокираше многумина бидејќи Џонсон ги вклучи неговиот 17-годишен син Талмаџ и 70-годишниот татко Ричард.
Станува збор за проектот „Блупринт“ во кој Џонсон му зема крв на синот тинејџер и ја дава на татко му, па семејството неодамна посети клиника во Далас, каде на тројцата мажи им е направена трансфузија – земено е литар крв од млад човек и со помош на машина одвоена е плазмата, крвните зрнца и белите крвни зрнца, а потоа ги инјектираа во Брајан. Истото го направил и со својот 70-годишен татко, а помладата крв би требало да им помогне да го забават процесот на стареење и да ги поправат оштетените клетки.
View this post on Instagram
Инаку, овој проект вклучува и следење на строги диететски насоки, строг распоред за спиење и вежбање, чести лекарски прегледи и следење на совети од 29-годишен доктор на кој богатиот човек наводно најмногу му верува, а кој дипломирал медицина пред пандемијата.
Досега истражувањата се направени само на глодари
Џонсон ја доби идејата за забавување на процесот на стареење со плазма од истражувањето кое досега беше направено само на глодари, сугерирајќи дека постарите глувци со помлада крв и органи можат да го доживеат ефектот на обратно стареење. Според повеќето научници, студиите за глодари се недоволни, дури и контроверзни и не даваат докази дека таквата промена делува кај луѓето, а за Инсајдер изјавиле дека оваа практика може да има опасни несакани ефекти, како што е силна имунолошка реакција.
Ова не е прв пат Џонсон да ги полни светските наслови со своите револуционерни и неистражени идеи против стареење, но за првпат во своите теории го вклучи и својот малолетен син.
Затоа не му е проблем да издвојува по неколку милиони долари годишно за борба со времето и подмладување, а тој е еден од лидерите на движењето против стареење.
Сепак, она што го издвојува Џонсон од толпата други богати и познати луѓе кои сакаат да останат млади засекогаш е тоа што тој не се потпира на скапи козметички третмани и процедури на овој пат, туку се консултира со својот тим од 30 лекари и експерти кои, секојдневно му предлагаат што треба да прави за повторно да има тело на тинејџер и сите органи во телото да му бидат како на 18-годишник, што е крајната цел на Џонсон.
View this post on Instagram
Секојдневни навики
Секој ден си легнува во исто време, а два часа пред тоа носи специјални очила кои ја блокираат сината светлина. Се буди секое утро во 5 часот и вежба 60 минути и изведува точно 25 вежби. После тоа, тој зема десетина додатоци во исхраната и ги плакне забите со масло од чајно дрво и следи строга веганска диета која бара од него да внесува точно 1.977 калории секој ден.
Така, неговото мени главно вклучува производи како бадемово млеко, ореви, ленено семе, бобинки и разни мелени зеленчуци, а покрај строгата диета, Џонсон секојдневно вади крв и често оди на колоноскопија.