Милијардер му вбризгува крв на синот тинејџер за да остане засекогаш млад: А сега тврди дека оваа храна е подобра од Оземпик за слабеење (ВИДЕО)


Мултимилионерот и „биохакер“ Брајан Џонсон (47) со години го привлекува вниманието со своите контроверзни обиди да го запре процесот на стареење, а сега го изненади целиот интернет со ново тврдење.

Брајан Џонсон, основачот на три биотехнолошки компании и инвеститор во неколку стартапи, има 47 години и веќе троши речиси 2 милиони евра годишно за да остане млад, или барем така да изгледа.

На неговата листа на контроверзни методи за подмладување е трансфузијата на крв, особено употребата на крвната плазма на неговиот син тинејџер. Еден од најнеобичните елементи на неговата програма е деталниот режим на подмладување на пенисот, за кој тој тврди дека значително ја намалил биолошката старост на неговиот пенис. Тој зема десетици суплементи дневно и следи строга веганска диета од 1.977 калории дневно, додека тим од лекари внимателно го следат секое негово движење.

 
 
 
 
 
View this post on Instagram
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Bryan Johnson (@bryanjohnson_)

И сега тој изјави дека „екстра девственото маслиново масло е подобар сојузник во губењето килограми од Оземпик“.

Oземпик е лек кој беше одобрен во САД во 2017 година за лекување на возрасни со дијабетес тип 2. Иако не е официјално регистриран како лек за слабеење, многу познати личности признаа дека го користат токму за оваа намена. Но, Џонсон тврди дека постои поприродна, достапна и поефикасна опција.

„Маслиновото масло е помоќна храна за целото тело“

Како гостин во подкастот More Plates, More Dates, Џонсон ги сподели своите размислувања за екстра девственото маслиново масло (EVOO), кое тој го нарекува една од најмоќните целосни намирници за телото.

– Реков дека екстра девственото маслиново масло е подобро од НР, никотинамид рибозид, ледени бањи, термотерапија, вашата омилена емисија и уште нешто, па малку се пошегував – рече на шега.

Тој потоа се осврна на студијата на социјалните мрежи која покажала дека луѓето кои редовно консумирале маслиново масло за девет недели изгубиле во просек 1,1 кг повеќе од оние кои не го консумирале, со дополнителна придобивка од намален крвен притисок.

Што велат експертите?

Спортската нутриционистка Абигејл Робертс од Bulk.com објасни за GloucestershireLive зошто екстра девственото маслиново масло е толку добро за телото:

– Маслиновото масло е богато со мононезаситени масни киселини кои го стимулираат метаболизмот, го намалуваат апетитот и помагаат во согорувањето на телесните масти. Истражувањата покажаа дека субјектите кои го консумирале изгубиле дури 80% повеќе масно ткиво во споредба со контролната група.