Милановиќ неодамна: Да се ​​кандидирам? Немам партија, листа. Како да го направам тоа?


На општо изненадување претседателот на Хрватска, Зоран Милановиќ денеска објави дека на парламентарните избори оди со својата поранешна партија СДП. Оваа изненадувачка најава дојде само неколку часа откако претседателот на републиката објави дека парламентарните избори ќе се одржат во среда, на 17 април.

„Во животот на секој од нас има моменти кога треба да излеземе од комфорната зона, треба да престанеме да бидеме нормални и вообичаени, а тој час ми тропна на врата со наметнување на извесен Турудиќ“, ги објасни Милановиќ причините за неговата кандидатура и додаде: „Дојде време да коњите да се оседлаат“.

Се огласи и на социјалните мрежи. „Почитувани граѓани, Хрватки и Хрвати, решив да се кандидирам како независен и непартиски кандидат на листата на СДП на изборите за хрватскиот Сабор што ќе се одржат на 17 април годинава.

По изборната победа, за која сум сигурен, ќе се повлечам од функцијата претседател на Републиката и со поддршка на новото мнозинство во хрватскиот Сабор ќе ја преземам одговорноста да ја водам Владата на Република Хрватска. До преземање на нова функција ќе продолжам да ја извршувам функцијата претседател на Република Хрватска согласно моите уставни обврски и должности“, напиша тој.

А пред само два месеци зборуваше сосема поинаку. Во интервју со Наташа Божиќ во Точка на неделата на Н1 телевизија, на нејзиното директно прашање дали ќе се кандидира на парламентарните избори, Милановиќ одговори:

„Дали ќе се кандидирам? Какво прашање е тоа? Како да се кандидирам, немам партија, листа?! Како ќе го направам тоа дури и да ми текне такво нешто? “