Мигрантите од Африка жртви на давења, киднапирања и кражба на органи


Ламанш Мигранти со гумен чамец пловат по Ламанш кон јужниот брег на Англија откако преминале од Франција. Премините на мигрантите преку ламанш годинава достигнаа рекордни бројки (Фото: Глин Кирк/АФП)

Се поголем број мигранти и бегалци тргнуваат на опасни патувања од Африка до јужните брегови на Средоземното Море, а на патот се соочуваат со зголемен ризик од киднапирање и кражба на органи, покажува најновата студија на Обединетите нации.

Втората рута, која води преку Сахара кон север, се смета дека е двојно посмртоносна од рутата преку Медитеранот, каде, сепак, повеќе од 800 луѓе веќе се удавиле оваа година, според податоците од студијата.

Винсент Кошетел, специјален пратеник на Агенцијата за бегалци на ОН (УНХЦР) за западниот и централниот Медитеран, кој е коавтор на извештајот заснован на разговори со повеќе од 30.000 мигранти спроведени меѓу 2020 и 2023 година, изјави дека сведочењата покажуваат живи, мртви и болните мигранти се напуштени во пустината.