Мицотакис го исфрли од партијата пратеникот кој му се заканувал на вработен на аеродромот

Лефтерис Авгинакис е фатен на камера како го истура гневот врз еден вработен откако доцнел на бордингот за авионот за Крит


Лефтерис Авгинакис

 

Грчкиот обвинител во средата нареди истрага против пратеникот на владејачката партија Нова демократија, Лефтерис Авгенакис, кој беше фатен на камера како напаѓа вработен на аеродромот.

Премиерот Кирјакос Мицотакис го упати Авгенакис до етичкиот комитет на Нова демократија, препорачувајќи да биде исклучен од партијата, што и се случи. Авгенакис, во меѓувреме, рече дека нема да се откаже од своето место во парламентот.

51-годишниот пратеник, кој до минатиот месец ја извршуваше функцијата министер за земјоделство на земјата, се извини претходно во текот на денот, откако на интернет се појави видео на кое се гледа како физички затекнува вработен на меѓународниот аеродром во Атина и го грабнува телефонот на мажот откако тој наводно бил спречен да се каќи на лет за Крит бидејќи доцнел.

Според синдикатот на вработените на аеродромот, Авгенакис, исто така, се заканил дека ќе го „префрли“ вработениот, а кога другите работници се обиделе да го смират наводно извикувал „не ме допирај, имам имунитет!“. Синдикатот, исто така, рече дека вработените трипати го барале Авгенакис по име пред да заврши бордингот.

Опозициските партии побараа тој да биде исклучен од парламентот.

Авгенакис се извини и се обиде да го минимизира своето однесување, нарекувајќи го „вербален инцидент со вработениот во компанијата, бидејќи не ми дозволи да се качам, тврдејќи дека бордингот е завршен, додека со свои очи можев да видам дека патниците сѐ уште се во подвижниот мост“.

Портпаролот на Владата, Павлос Маринакис, го осуди инцидентот, велејќи дека „ставовите на „Знаеш-Кој-Сум-Јас“ не можат да бидат прифатени од премиерот“.

Истрагата на обвинителот ќе го испита инцидентот како наводен напад врз вработен, нарушување на јавната служба, незаконско насилство и оштетување на јавен имот. Понатамошни правни дејствија ќе бараат да се укине пратеничкиот имунитет на Авгенакис од кривично гонење.

Авгенакис неодамна беше критикуван поради наводното трошење 6.000 евра на цвеќиња за украсување на неговата канцеларија и за земање слика од неговата канцеларија откако беше отфрлен од кабинетот на 14 јуни.