Мицкоски вели и да работел, Центарот за изгореници ќе можел да згрижи „три-четири-пет“ луѓе

Премиерот Христијан Мицкоски не гледа проблем што Македонија нема центар за изгореници и дека е една од ретките такви земји.
Ваков Центар за изгореници имаше во старата Градска болница изграден со донација од Јапонија, и кој беше во функција до 2016 година.
„Капацитетот е три- четири- пет луѓе. Тоа е капацитетот и кога би работел“, рече Мицксоки одговарајќи на прашања на новинарите во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“. „Кога е донесена одлуката да се затвори, под услов полно да е функционален 3-4-5 можат да згрижат“, рече тој.
Мицкоски додаде дека и покрај ова македонскиот здравствен систем покажал дека е жилав.
„Благодарност до овие луѓе тука, тоа го зборувавме и со директорот на Фондот за здравство и со министерот и со сите овде позади мене. Нашиот здравствен систем покажа дека е жилав и дека е подготвен да прими ваков бран кој што е можеби предизвик за многу пософистицирани здравствени системи и за многу поголеми држави од нашата“, рече Мицкоски.