Мицкоски не сака да излезе надвор од ингеренциите и да префрли пари за превоз за студенти со ЈСП


Фото: Б. Грданоски

Студентите ќе имаат бесплатен јавен градски превоз в година, затоа што преку министерството за образование се обезбедени 120 милиони денари, уварува денеска и премиерот Христијан Мицкоски, но вели, дека не можат да префрлат пари на ЈСП „Скопје“, за изминатава година, затоа што нема договор. 

„Ние овие средства во разговор со министерката ги предвидовме за следната година. Претходната влада не ги предвидела овие средства, нити пак потпишала договор. Мислам дека се тоа, ако не се лажам, 120 милиони денари, отприлика за следната година. Тоа е далеку од она што е потребно на ЈСП за следната година. Но, ние излеговме во пресрет кога требаше да се интервенира за да се обезбедни нафта за да можат автобусите да сообраќаат соодветно и да превезуваат патници. Сѐ што е во интерес на граѓаните ние ќе направиме бидејќи граѓаните не смеат да трпат, во рамките на нашите ингеренции, се разбира. Не смееме ни ние како Влада да излеземе надвор од нашите ингеренции, бидејќи утре ќе бидеме обвинети дека ненаменски сме потрошиле пари од буџетот“, се правда Мицкоски. 

Од Универзитетоското студентско собрание на УКИМ, повеќепати апелираа да се среди состојбата и нивните билети да се продолжат за следната година, што во моментов не е можно да се направи. Тие веќе пратија апел до Владата, Министерството за образование и наука, Советот на Град Скопје, градоначалничката Данела Арсовска и до ЈСП „Скопје“,  „да се произнесат јавно дали се предвидени средства за бесплатен превоз на студентите во градот Скопје“. (Б.Б.)

ЈСП не им ги продолжува картите за бесплатен превоз на студентите