МФ: Годишен состанок на ЕБОР во Рига, инфраструктурните проекти значајна ставка во политиките на Владата
Државниот секретар во Министерството за финансии Андриана Матлиоска од 5 до 7 јуни учествуваше на Годишното собрание и бизнис форум на Европската банка за обнова и развој, што се одржа во Рига, Латвија. Годинашното Собрание беше посветено на тема „Од нестабилни до разновидни економиии коишто иновираат во свет што се менува“, на коешто учествуваа владини претставници, финансиски и корпоративни директори, акционерите, партнерите и клиентите на банката, бизнис секторот, како и граѓанскиот сектор.
Како што соопшти денеска Министерството за финансии, Матлиоска за време на престојот во Рига оствари повеќе билатерални состаноци со претставници на ЕБОР, ЕИБ, Зелениот климатски фонд, како и со претставници на Министерството за надворешни работи на Холандија и ЕБОР Конституенцата предводена од Холандија.
– На состанокот со директорката за инфраструктура за Европа во ЕБОР, Елена Гордеева беше истакната посветеноста на земјава за унапредување на инфраструктурата во што значаен партнер во реализацијата е Европската банка за обнова и развој. ЕБОР во земјата има инвестирано во 213 проекти во вредност од 3,13 милијарди евра, а во моментов се работат проекти во вредност од 1,3 милијарди евра, се вели во соопштението.
Матлиоска изразила благодарност за подршката што досега е дадена од страна на ЕБОР на нашата земја и ја потенцираше посветеноста на Владата на реализацијата на капиталните расходи.
– Капиталните расходи претставуваат клучен инструмент на фискалната политика и двигател на економскиот раст за периодот 2027–2031 година, со цел обезбедување долгорочни економски придобивки преку зголемување на јавните инвестиции особено во патната и железничката инфраструктура, енергетски капацитети, системи за водоснабдување и канализација, дигитална инфраструктура, како и проекти во образованието и социјалната заштита – посочи Матлиоска на состанокот, на којшто беше истакната подготвеност на Банката за понатамошно партнерство во реализацијата на проекти во патната и железничката инфраструктура и општинската инфраструктура.
На состанокот со директорката на Секторот за инфраструктура за Европа во ЕБОР била истакната посветеноста на земјава за унапредување на инфраструктурата во што значаен партнер во реализацијата е Европската банка за обнова и развој.

На средбата со директорoт за партнерство на ЕИБ Глобал, Ричард Амор, исто така, било посочено на значењето на поддршката што ЕИБ ја дава на земјата во реализација на повеќе проекти и којашто поддршка е на ниво од 1,6 милијарди евра.
Матлиоска изразила благодарност за досегашната поддршка на ЕИБ во енергетската и железничката инфраструктура, општинската водоводна инфраструктура, а исто така изрази и благодарност за подготвеноста на ЕИБ за продолжување на соработката за поддршка на приватниот сектор, поточно на малите и средни претпријатија преку Развојната банка.
На средба со директорот на одделот за регионот на Источна Европа, Централна Азија и Блискиот Исток на Зелениот климатски фонд Томас Ериксон, пак, посочила дека Владата продолжува со силна посветеност кон реформските процеси вклучително и реформската агенда, препознавајќи ја како основа за економски развој, зајакнување на институциите и успешна интеграција во Европската Унија.