Место каде разгледниците стануваат стварност: Син рај (видео)


Мирот, белиот песок и тиркизното море што примамуваат од разгледниците честопати можат да бидат разочарувачки кога конечно ќе стигнете на некоја фото дестинација, затоа што ќе сфатите дека многумина биле со истата идеја, па од премногу луѓе, не ни можете да го видите белиот песок.

Но, сè уште има места кои не се обземени од масовен туризам, а едно од нив е Калангаман.

За да стигнете до тој остров, ќе треба сами да се потрудите да стигнете до Филипините. Калангаман се наоѓа веднаш до брегот на Палампон, на исток од островот Лејте, и често се стигнува од Манила преку Себу, Ормок или Таклобан.

Островот Калангаман не е само неверојатно убав, туку е и неверојатно недопрен. Наместо скапи хотели и одморалишта, во Калангаман ве чека сместување со „безбреој“ ѕвезди, а нема претрупани ресторани или барови. Има доволно простор за скара или пикник, а локалните рибари се грижат за свежата храна.

На малиот остров има два долги делови од песок кои се протегаат далеку во морето, а се верува дека островот го должи своето име, што во превод значи „птица“ затоа што тие краци шират како крилја. Утрата и навечер се идеални за гледање делфини. а во текот на денот освен пливање и сончање, можете да ја истражувате околината со изнајмен чамец.

Има ограничени места за пазарење на островот, па најдобро е да понесете речиси сѐ што ви треба со вас. И покрај неговата извонредна убавина, посетителите почнаа да го откриваат островот дури неодамна, кога стана дел од германската рута за крстарење.