Месечината влезе во Скорпија! Овие три хороскопски знаци да се подготват за трансформација

Месечината во Скорпија носи длабоки и интензивни емоции. Луѓето со оваа позиција на Месечината се страсни, мистериозни и често многу интуитивни.
Нивните емоции се силни и интензивни, но често ги кријат од другите, не сакајќи да покажат ранливост.
Ова е позиција која дава внатрешна сила, но и склоност кон драматични емоционални промени. Луѓето со Месечината во Скорпија често доживуваат длабоки трансформации во текот на нивниот живот, бидејќи се склони кон регенерација и постојан личен раст. Положбата на Месечината во Скорпија најмногу ќе им одговара на Рибите, Скорпиите и Раковите.
Лојални се во љубовта, но знаат да бидат љубоморни и посесивни. Кога сакаат, сакаат длабоко и страсно, но ако се чувствуваат изневерени, тешко простуваат. Нивната интуиција е исклучително силна, па лесно ги „читаат“ другите луѓе и чувствуваат кога некој нешто крие од нив.
Месечината во Скорпија, исто така, носи интерес за мистерии, окултното, психологијата и сето она што се крие под површината. Овие лица често имаат силни соништа и може да имаат силна способност за емоционална или енергична перцепција.
Иако оваа позиција може да донесе емоционални предизвици, таа исто така дава огромна внатрешна моќ, способност да излезете од секоја ситуација уште посилно и помудро.