Меркур ѝ се приклучува на „парадата на планетите“


 Во рамки на „парадата на планетите“, вечер седум планети во линија ќе бидат видливи на нашето ноќно небо. На оваа низа од порамнети небесни тела, денеска ќе ѝ се придружи и Меркур, објави српскиот портал „Н-1“.

Од јануари на небото, во еден ред, со голо око може да се видат Венера, Марс, Јупитер и Сатурн, а со помош на телескоп и Уран и Нептун коишто од Земјата изгледаат како да се наредени во низа. Не е невообичаено ретко – неколку планети да се наоѓаат на иста страна од Сонцето во истовреме, но поретка појава е „големото порамнување“ – на повеќето или пак, на сите планети. Следниот сличен феномен ќе се случи во 2040 година.

Секоја линија од три до осум планети претставува порамнување, а низа од пет или шест планети во речиси совршен ред, се нарекува – големо порамнување.

Порамнување со четири или пет планети, видливи со голо око, се случува на неколку години. Тоа ќе се случи и кон крајот на август – четири планети во ред ќе бидат видливи пред изгрејсонце. Порамнувањата со шест или седум планети, се чини, се најретки.