Меркел предлага задолжителна вакцинација од февруари
Германската канцеларка во заминување Ангела Меркел го зголемува притисокот на невакцинираните во земјата.
Според документ до кој дошол „Блумберг“, Меркел препорачува на луѓето кои не се потполно вакцинирани против Ковид-19 да им се забрани одењето во ресторани, кина и продавници кои не се неопходни.
Исто така, повикува на задолжителна вакцинација против Ковид-19 почнувајќи од февруари 2022 година.
Предлозите се дел од мерките за кои меркел ќе разговара на видео-конференцијата во четврток со Олаф Шолц, нејзиниот именуван наследник на СПД и актелен министер за финансии, заедно со 16 германски лидери.
Шолц, кој следната недела треба да положи заклетва како наследник на меркел, изрази поддршка за нејизните предлози.
Бројот на пациенти во одделенијата за интензивна нега до Божик ќе достигне 6.000, што ќе го надмине врвот на третиот бран од минатата зима, рече претседателот на ДИВИ, Гернот Маркс, за телевизијата ЗДФ.
Додава дека болниците во Германија се соочуваат со „посебно опасна ситуација“.
Околу 71 отсто од луѓето во Германија со сега примиле барем една доза од вакцините.