Мерцедес дизајнираше електричен велосипед


Познатиот германски производител на автомобили Mercedes-Benz, во соработка со N +, дизајнираше нов електричен велосипед за кој според изгледот никогаш не би се претпоставило дека е електричен. Со него, може да се постигне брзина од над 30 километри на час.

Изгледот на електрични велосипеди значително се подобри во последниве години. Така, современите електрични велосипеди се многу поелегантни отколку пред неколку години. За тоа добро сведочи и најновиот модел на електричен велосипед EQ Formula E Team eBike, кој Мерцедес го претстави деновиве. Никогаш не би се рекло да има мотор или батерија. Изгледа многу повеќе како класичен друмски велосипед отколку планински велосипед, кој е способен за значајни искачувања.

Рамката на велосипедот е изработена од рачно полиран алуминиум и е само малку подебела од рамката на класичниот друмски велосипед. Причината за поголемиот дијаметар е што внатре има батерии и други приклучоци кои овозможуваат напојување на велосипедот со електрична енергија.

Велосипедот се напојува од 36 волтна батерија Panasonic, која овозможува да се поминат 100 километри пред да дојде време за полнење. Може да се отстрани по желба и потребни се три и пол часа за целосно полнење. Батеријата е поврзана со електричен мотор од 250 вати, што му овозможува на велосипедот да достигне брзина од 30 километри на час.

Поради локацијата на батеријата и моторот сместени во централниот дел на велосипедот, моделот E Team eBike обезбедува добра стабилност. Вилушките на велосипедот се изработени од јаглеродни влакна, а гумите се отпорни на дупчење.

Новиот производ ги импресионира љубителите на новитети и електрични велосипеди, кои сакаат нивниот велосипед да има модерен изглед и одлична функционалност.