Меланија Трамп во кожа и без штикли го славеше Велигден во Белата куќа

„Подгответе се. Подготвени“, им рекол американскиот претседател Доналд Трамп на децата собрани на тревникот пред Белата куќа и дувнале со Меланија заедно во свирката за да го означат стартот на традиционалиот натпревар со велигденски јајца.
Иако Велигденскиот понеделник не е федерален празник, илјадници деца и семејства се собираат во јужниот тревник на годишниот White House Egg Roll. На настанот, исто така, ги поздрави илјадниците присутни, кои имаа можност да учествуваат во активности поддржани од корпорации и да научат историја пред 250-годишнината на земјата во 2026 година.
Претседателот Доналд Трамп и првата дама Меланија Трамп ги поздравија присутните со американското знаме закачено на половина копје во чест на смртта на папата Франциско. Првата дама облече мантил од кожа Mackage во боја на ванила за облачниот ден и некарактеристично чевли со пониски потпетици од Roger Vivier. Во време кога разговорите за тарифи често се во воздух, брендот Mackage стартуваше во Монтреал од Еран Елфаси во 1999 година и сега има продавници во САД, Канада, Јужна Кореја, Лондон и Јапонија. Роџер Вивие е луксузен бренд со седиште во Париз.
Годинава, Велигден во белата куќа привлече 40.000 присутни, како и некои членови на внатрешниот круг на администрацијата на Трамп, како што се американскиот државен обвинител Пем Бонди и шефицата на кабинетот на Белата куќа, Сузи Вајлс, кои се познати по спортски костуми во пастели во боја на велигденски јајца. Како што правеше речиси 50 години, Американскиот одбор за јајца обезбеди 30.000 јајца кои беа рачно обоени од персоналот и волонтерите, но овогодинешниот асортиман беше од мали и средни, кои се помалку популарни кај потрошувачите.