Меланија Трамп не излегува од костуми. Кројот ја истакнува нејзината совршена фигура

Поранешната манекенка првпат се појави сама во јавноста откако по втор пат стана прва дама на САД.
Меланија Трамп се појави во Капитол за да го поддржи предлог-закон со кој објавувањето одмаздничко порно ќе стане федерално кривично дело.
Додека влегуваше на дискусијата преку ходникот на Сенатот, Меланија беше фотографирана облечена во триделно кафено тенко одело на Ралф Лорен, црна вратоврска, бела кошула и соодветни салонки во неутрална боја. Косата, вообичаено, и беше пуштена. Кројот ја истакнуваше нејзината беспрекорна фигура.
Остриот изглед се совпаѓа со другите ансамбли за машка облека што таа ги избираше досега за време на вториот претседателски мандат на Доналд Трамп.
Меланија носеше сличен стил речиси една недела порано, на 22 февруари, на вечерата на Националната асоцијација на гувернери во 2025 година, организирана во Белата куќа.
За таа прилика избра јакна од црн костум, тесни панталони до глуждовите и бела смокинг блуза со остра јака. Првата дама ги носеше и шилестите салонки со дизајнерски потпис.
И за првиот официјален портрет, Меланија позираше во костум на Долче и Габана.