Меланија не е Трамп ако не го прекрши протоколот и на погребот на папата


Папата Франциск беше погребан денес, а бројни службеници и верници од целиот свет дојдоа да го испратат во неговото вечно почивалиште. Меѓу собраните беа Доналд Трамп и неговата сопруга Меланија Трамп, кои привлекоа големо внимание.

Меланија Трамп се обиде да се појави во „инкогнито“ издание за да не привлече внимание кон себе, но не успеа. Нејзиниот моден избор за погребот на папата Франциск сепак стана тема во медиумите, а сега акцентот „падна“ на нејзините обувки.

Имено, Меланија Трамп се појави во екстремно високи потпетици, што не е толку чудно кога е во прашање оваа Словенка, но се поставува прашањето, дали е ова според протоколот?

Католичката црква е позната по своите строги протоколски правила, а облекувањето на погребот на нејзиниот поглавар не е исклучок.

Протоколот вели дека кога станува збор за мажи, од нив се очекува да бидат облечени во темно одело, бела кошула и да имаат темна вратоврска. Протоколот налага чевлите, чорапите, палтата и чадорите исто така да бидат црни. Дозволено е црно копче на левата јака. Другите машки модни додатоци, како што се прстени, нараквици и часовници, треба да бидат незабележливи.

Кога станува збор за дамите, од нив се бара да носат црн фустан или костум. Ако изберат фустан, тој мора да биде под колена. Се препорачуваат затворени црни чевли со ниски потпетици, црни проѕирни фулахопки и црни ракавици. На жените им е дозволено да носат црн превез преку главата, но тоа не е задолжително. Чантата мора да биде црна и мала, а како накит е дозволена само едноставна бисерна огрлица.

Со оглед на гореспоменатиот протокол, Меланија носеше чевли со малку повисока потпетица, поради што многумина се прашуваат дали го прекршила.