Меѓу убиените во Буча е и роднина на Навални


Kритичарот на Кремљ, Алексеј Навални, затворен во казнена колонија, во вторникот изјави дека руски војници убиле 60-годишен маж по име Илја Навални во украинскиот град Буча, само поради совпаѓање на имињата, пренесе Ројтерс.

По повлекувањето на руските сили од Буча минатиот месец, украинските власти исто така соопштија дека пронашле повеќе од 400 тела на луѓе за кои се верува дека биле убиени од руските војници за време на окупацијата на областа. Русија ги негира злосторствата.

Навални на Твитер сподели фотографија од пасош по име Илја Иванович Навални, за кој рече дека намерно бил оставен покрај мртво тело во Буча.

„Потполно невин човек беше убиен од џелатите на Путин (како друго да ги наречам „рускиte војници“) затоа што тој е мојот истоименик. Очигледно се надеваа дека е мој роднина“, напиша Навални.

Признава дека не знае дали убиениот му е  роднина, но дека е од исто село со татко му. Подоцна, прес-секретарот на Навални, Кира Јармиш, на Твитер напиша дека убиениот во Буча бил далечен роднина на Алексеј Навални, што го потврди и градоначалникот на родното село на неговиот татко Новое Залесие. Јармиш додава дека самиот Навални се уште не го знае тоа.