Меган Маркл во безвременски камел капут : Модно парче кое не излегува од мода

САД- Војвотката од Сасекс се врати! По локдаунот и породувањето Меган Маркл, мајката на две деца се врати во центарот на вниманието на неодамнешното патување во Њујорк со нејзиниот сопруг, принцот Хари.
Членовите на британскто кралско семејство кои сега живеат во Монтесито, Калифорнија поминаа неколку дена во Големото јаболко, што ги означи нивните први јавни настапи откако го добија нивното второ дете Лилибет Дијана овој јуни.
Помеѓу излегувањето во One World Trade Center и добротворниот концерт Global Citizen Live, 40-годишната војвотка беше фотографирана како носи елегантен камел капут Макс Мара од три илјади долари.
Вој период од годината, честа слика во уличната мода е безвременскиот елегантен капут во камел нијанса.
Времето и трендовите за ова евергирин модно парче, не се фактори што влијаат на неговата популарност, затоа што неговиот минималистички и универзален дизајн, беспрекорно ја надополнува секоја комбинација и може да најде соодветно место во сечиј стил.

Камел капутот е вистинска институција во однос на облеката.Благодарение на неговата голема сестраност, тој е совршен за елегантен изглед и успева да го додаде тој посебен шарм дури и на едноставната основна облека.

Носете го со фармерки, како и со шик костуми, миди или макси фустан, а крајниот резултат секогаш ќе биде подеднакво беспрекорен!

Како овој капут стана толку популарен?
Брендот Jaeger бил првиот кој ги вовел камел капутите во Британија уште во 1919 година и со војната подоцна, тие станале како еден вид на национални униформи.

Потоа станаа мит во филмовите, на ревиите, на улиците, го носат и славни и анонимни….со стил!