Медвечук моли да биде разменет со украински војници


Двајца британски борци заробени во Украина од руските сили се појавија во понеделникот на руската државна телевизија и побараа да бидат разменети за Виктор Медведчук, кој беше заробен од украинските власти минатата недела.

Во видеото, Шон Пинер и Ејден Аслин  зборуваат откако биле поканети од неидентификуван маж, а Ројтерс нагласува дека не може да потврди дека тие доброволно укажуваат на можноста за замена. И двајцата побараа од британскиот премиер Борис Џонсон да им помогне да се вратат дома во замена за ослободување од Украина на прорускиот политичар Виктор Медведчук.

Речиси во исто време, Украинската служба за безбедност објави видео на кое Медведчук сака да биде разменет за украински војници и цивили во опколениот град Мариупол. Тој апелираше до рускиот претседател Путин и до украинскиот Зеленски, пренесува Ројтерс.

Во неделата, сопругата на Медведчук побара од претседателот Путин да го замени нејзиниот сопруг, кој го чека судењето за предавство, со украински затвореници. Медведчук е лидер на проруска партија и беше во домашен притвор се додека не избега на почетокот на војната и оттогаш се крие.