Мечка усмрти маж во Словачка

Трагично заврши потрагата по маж кој вчера не се врати од прошетка над Детва во Словачка. Имено, полицијата го пронашла без знаци на живот и со тешки повреди.
Спасувачите го пронашле мажот мртов во густа шума во текот на ноќта. Во потрагата учествувале пожарникари, полиција и доброволци, јавува порталот noviny.sk.
Според првичните информации, мажот се здобил со тешка повреда на главата откако бил нападнат од мечка. Присуството на ова животно е евидентирано во областа последните денови.