Маж во Токио со нож нападна луѓе: „Сакав да ги убијам жените што изгледаа среќно“


 

Маж во Токио, синоќа нападна патници во воз, при пто повреди 10 лица, потоа побегна, а полицијата го фати.

За нападот осомничен е 36-годишен маж, кој на полицијата наводно ѝ рекол дека се разбеснил кога во возот видел дека луѓето изгледаат среќно, па посакал да ги убие, јавува Би-би-си повикувајќи се на локалните медиуми.

Во нападот една студентка е потешко повредена, а останатите жртви претрпеле полесни повреди.

Би-би-си наведува дека насилните злосторства во Јапонија се ретки, а на сила се строги мерки на безбедност поради Олимписките игри кои се одржуваат во Токио.

Што точно се случило?

Мажот ги нападнал патниците во возот во близина на една станица во 20.40 часот по локално време. Возот брзо бил сопрен, кога возачот ја слушнал бучавата што доаѓала од вагоните.

Истражителите наведуваат дека потоа, мажот скокнал о возот и избегал, а персоналот од возот пешки ги однел патниците до најблиската станица.

Напаѓачот подоцна влегол во продавница, признал дека тој ги нападнал патниците и додал дека е уморен од бегање. Брзо потоа го собрала полицијата, која денеска јави дека привела маж на возраст од 36 години.

Иако Јапонија е една од најсигурните земји на светот, во последните години имаше неколку напади со нож.

Така, во 2019 година маж нападна група ученици кои чекаа автобус во Кавасаки. Двајца беа убиени, а 18 повредени.